Кога станува збор за сериозни љубовни врски, често мажите се жалат дека губат дел од својата слобода покрај партнерката. Во “поплавите“ од совети како да успеете во врска е еден од фактите дека девојките забрануваат дружење на партнерот со машко друштво, опивање и лудо забавување.

Но, никој не ја става во прашање женската слобода. Во многу случаи девојките се тие кои ги жртвуваат лудите забави со другарките заради партнерот. Тоа стана некако нормална појава.

Многу мажи не го бараат тоа од партнерките, но сепак се чувствуваат непријатно кога се спомнува женска излегување.

Зар не може девојката да се забавува и кога го нема него покрај неа?

Разговорите за излегување се често напнати. Тој не кажува директно дека му пречи и дека е повреден, а она се правда за глупости.

Девојките бараат изговор и причина да кажат дека си поминале лошо, за дечкото да не се чувствува неубаво. Тоа е природно. На мажите, повремениот флерт им покажува дека и понатаму се пожелни. А, женското флертување секогаш е недозволено и поопасно. Поблиску е до неверство.

А, кога ќе прекинат – девојката продолжува со стариот живот, излегува се забавува, а тој и понатаму сака да гледа фудбал и табла со другарите, да игра табла, да излегува чат-пат, летото да го помине со другарите на некоја плажа покрај шанк. Партнерите треба да се свесни дека целиот живот не се сведува само на љубовната врска во која се наоѓаме. Врската треба да ви даде крила кои се знак на слобода. И девојките сакаат да се забавуваат и да играат до раните зори. И мажите сакаат. Не треба да се чувствувате загрозени. Ако не сакате да ви бранат вам нешто, немојте ни вие да го правите тоа.

Слободата е универзална. Желбата за слобода не значи дека некого сакате помалку. Давањето слобода на саканата личност е знак за доверба.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/10/2019 19:51