Во Општина Центар денеска ќе им бидат доделени сертификати на учеснички на обуката „Негувателка на деца“. Настанот е организиран од Општина Центар и Македонска Асоцијација на Дадилки, верификуван спроведувач на обуката.
Обуката за „Негувателка на деца“ е дел од Оперативна програма 2019, на Министерство за труд и социјална политика и на Агенција за вработување на РСМ.
Во рамки на Оперативна програма во делот на побарувани занимања на пазарот на труд, Асоцијацијата во соработка со Општина Центар и Детски Градинки од општината има спроведено обука за „Негувателка на деца“ од 15 мај 2019 до14 септември 2019 година. Учесничките на обуката успешно ја завршиле обуката и се стекнале со диплома и звање Негувателка на деца.
– Обуката резултираше со извонредни резултати бидејќи 40 проценти од вкупен број на кандидати веќе се вработени, информираат од Општина Центар.