Доколку се прашувате како некои мажи со толкава леснотија привлекуваат девојки, одговорот не се крие само во нивниот физички изглед, туку и во нивните карактеристики. Ова се седум типови мажи, на кои жените не можат да им одолеат.

Интелектуални мажи

Овој тип мажи, водат интелектуално стимулирачки разговори, а притоа ја сослушуваат и жената што има да каже на тоа. Хуморот е исто така многу важен, бидејќи жените сакаат мажи кои знаат да ги насмеат. Доколку може и политиката да ја направи занимлива, и тоа е предност. Ваквиот маж, никогаш нема да ѝ досади на една жена. Интелектуалната поврзаност е важен дел од секоја врска, а доколку мажот успее да докаже дека таа конекција постои, жената нема да може да му одолее.

Мажи кои имаат голема самодоверба

Ваквите мажи имаат верба во себе и самоуверено се однесуваат во јавност, покажувајќи дека имаат моќ и контрола. Кога се во врска, не покажуваат љубомора, ниту ги сметаат пријателите на девојката како конкуренција. Тоа им се допаѓа на жените. Ваквите мажи не бараат одобрение од жените, поради што жените ги посакуваат уште повеќе.

Креативни мажи

Станува збор за мажи кои се спонтани и кои живеат во моментот. Тие ја користат својата креативност за да ја забавуваат својата понежна половина, без разлика дали станува збор за напишана песна или за нацртана слика. Секоја жена сака да се чувствува посебно и да биде извор на нечија инспирација.

Мажи од егзотични земји

Жените не можат да им одолеат на мажи од егзотични земји, бидејќи имаат специфичен акцент и единствен поглед. Нивните друштвени обичаи и секојдневното однесување можат да бидат малку чудни, но сепак уникатниот шарм е пресуден. Жените сакаат мажи кои се љубопитни, а ги фасцинираат оние кои доаѓаат од различни култури.

Внимателни мажи

Мажите кои им отвораат врата на девојките, им го местат столчето во ресторан, купуваат цвеќе и слично се совршени за голем број жени. Тие секогаш се однесуваат кон девојката како спрема вистинска дама, а за состанок или излегување во град ја земаат и враќаат до прагот на нејзината врата. Секогаш ги интересира како се чувствува нивната понежна половина, а на тоа паѓаат голем број девојки.

Вечни романтичари

Романтичарите постојано им подаруваат цвеќе и чоколади, а подготвуваат и убави вечери со запалени свеќи за своите жени. Често, знаат да се јават кај девојката, само за да ѝ кажат дека мислат на неа. Кога разговараат ја гледаат директно во очи и не се плашат да ги искажат своите чувства. Жените сакаат да бидат ценети.

Мажи со слободен дух

Тие одат онаму каде што животот ќе ги однесе, а неретко тоа се возбудливи авантури. Ваквиот тип мажи знаат да си ги занемарат своите обврски само за да ја однесат својата партнерка на спонтано патување, без да размислат за последиците. Секоја жена посакува маж кој е бунтовник. Им се допаѓа нивната безгрижност и младешкиот дух кој го внесуваат во врската. Жените уживаат во обидите да ги смират, иако знаат дека никогаш нема да успеат во тоа.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/10/2019 01:44