Дали сте голем љубител на дневната умерена доза на црвено вино? Добра вест, можете слободно да се препуштите на ова слатко задоволство без да размислувате на тоа дали нешто ќе се наталожи на вашето тело. Новите истражувања покажуваат дека пиењето црвено вино помага во согорување на маснотиите.

Од универзитетот од Алберта во Канада дошле до пронајдок на една состојка во црвеното вино наречена „ресвератрол“ која влијае на нашето тело многу слично како кога вежбаме. Оваа состојка помага во подобрување на физичката активност, функционирањето на срцето и зајакнување на мускулната маса на истиот начин на кој би се потрошил еден час во теретана.

Главниот истражувач, Jason Dyck изјавил: „Состојката ресвератрол може да им помогне на луѓето кои сакаат да вежбаат но се физички неспособни“.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/10/2019 02:17