Љубителите на ракометот денеска во Кисела Вода, во спортската сала „Архиепископ Доситеј“ ќе имаат можност бесплатно да проследат три ракометни натпревари.

– На првиот натпревар, со почеток во 11:30 часот ќе играат младите пионерки на РК „КЛ7“ и РК „Драчево“. По овој натпревар, во рамки на првата ракометна лига ќе следува големо дерби. Од 13:35 часот силите на теренот ќе ги одмерат сениорите на непоразените екипи во лигата, РК „КЛ7“ од Кисела Вода и РК „Аеродром“. Ракометарите на „КЛ7“ за прв пат ќе се натпреваруваат на домашен терен. По дербито, од 15:30 часот ќе играат пионерите на „КЛ7“ и РК „Рисови“, соопштија од Општина Кисела Вода.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/10/2019 11:25