На 07.10.2019 во 02.00 часот во СВР Скопје, Д.А.(50) и Н.Г.(45), двајцата од с.Шишево, скопско, пријавиле дека на 05.10.2019 во 23.55 часот на булевар ,,Илинден’’, по претходна расправија, физички биле нападнати нивните малолетни деца на возраст од 14 и 16 години од неколку лица.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.