Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен предлог против едно лице, државјанка на Република Србија, која се товари дека извршила кривично дело – фалсификување исправа.

-Обвинетата на 5 октомври со умисла употребила лажна јавна исправа како вистинска. Имено, таа со фалсификувана македонска лична карта на друго име се легитимирала пред вработен во пријавницата на КПУ „Идризово“ – Скопје, со намера да влезе во затворот и да го посети нејзиниот вонбрачен сопруг, информираaт од Јавното обвинителство.

Бидејќи постои реална опасност од криење и бегство на обвинетата која е странски државјанин, надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и посебен предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/10/2019 15:28