Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев денеска ќе присуствува и ќе се обрати на свеченоста по повод одбележувањето на патрониот празник на Средното електротехничко училиште „Михајло Пупин“ во Скопје.

На настанот ќе биде пуштена во употреба и фотоволтаична електрана во училиштето, по што се предвидени изјави на вицепремиерот Анѓушев и претставници од училиштето.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/10/2019 10:42