Мирни жители во сирискиот пограничен град Рас ел Ајн се повредени при нападите на турските воздухопловни сили и артилерија врз градот и неговата околина, објави телевизијата „Ал Хадас“.

Според курдски извори, убиени двајца цивили, а околу 20 се повредени. Исто така, загинале седум курдски борци од коалицијата Сириски демократски сили, а 16 се повредени.. телата им биле пренесени во болницата во градот Ајн Иса, кој се наоѓа северно од провинцијата Рака.

Телевизијата „Ал Хадас“ објави дека турските ВВС извршиле вкупно 16 напади врз позиции на курдските бунтовници, врз нивни контролни пунктови и бази во населените места Мешрафија, Хирбет-Банат, Ал Асадија и Бир Нух. Густи облаци од чад се издигнуваат над тие реони.

Турција ги нападнала и градовите Дарбасија, Маликија, Камишли во провинцијата Хасака, како и градовите Тел Абјад и Ајн Иса во Рака.

Се зголемува приливот на бегалци од граничните населени места.

Курдски претставници тврдат дека напад бил извршен и врз далноводи и водоводни станици, кои го снабдуваат со вода за пиење градот Хасаку.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/10/2019 21:17