[photo]
Денеска , 10.10.2019 година (четврток), од 12:00 часот, кај алпинистичката карпа на Кејот на реката Вардар, изјава за медиуми ќе даде градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев, во пресрет на почетокот на активности за изведба на Спортско – Адреналинскиот парк.
Спортко – Адреналинскиот парк ќе биде исполнет со содржини за спорт и рекреација на сите граѓани, а дополнително ќе се зголеми и уреди зеленилото на целиот потег.
Го покануваме Вашиот медиум да го проследи овој настан.