Капитенот на Вардар, Тимур Дибиров на денешната прес-конференција рече дека со нетрпение го очекува дуелот со Кил на кој ќе се покажат вистинските вредности на тимот.

– Подготвени сме за дуелот со Кил. Ова се натпревари за кои не е потребена екстра мотивација. И тие ќе сакаат да покажат дека се подобри од нас. Знам дека ќе биде уживање за сите љубители на ракометот и на спортот воопшто. Ќе видиме, многу сме возбудени и очекуваме по овој натпревар да покажеме по четвртото коло „кој е кој“. Сакам да видам кој е посилен, ние или Кил, изјави Дибиров.

Тренерот Давид Писоаро верува во способноста на своите избраници, но и во големата помош од трибините.

Не очекува важен натпревар против многу силен противник. Кил е голем клуб. Многу ја подигнаа формата од претсезонскиот наш дуел во Супер глоуб што значи ќе ни биде уште потешко. Сепак, играме на домашен терен и многу очекувам од нашите навивачи. Кил ќе игра цврсто и брзо. Брзата игра нас ни одговара. Расположението во тимот е добро. Полека го фаќаме посакуваниот ритам и ја прилагодуваме играта во зависност од тоа како ќе се одвива натпреварот, нагласи предводникот на „црвено-црните“.

Натпреварот Вардар – Кил од 4.коло во ракометната Лига на шампиони се игра в сабота во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 17:30 часот.

По три кола во Б-групата Вардар е лидер со шест бода, Кил е втор со бод помалку.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/10/2019 14:41