Ракометарите на Еурофарм Работник в недела во 17:00 часот го играат натпреварот со финскиот првак Кокс во Лигата на шампионите.

Тренерот на тимот, Стевче Алушовски на пресот пред дуелот изјави дека заморот и повредите се најголем проблем за тимот,

– Уморни сме и повредени, но спремни за тежок дуел со Кокс. Повредени се Маркоски, Стјепановиќ и Јотиќ и без нив ќе биде исклучително тешко да се игра. Но, тоа не значи дека нема да се обидеме да дојдеме до првата историска победа во Лигата на шампионите. Финците се незгоден противник, го изненадија Татран Прешов пред неколку недели. Кокс е екипата која три години игра заедно и не смееме ниту да ги потцениме, ниту да ги прецениме. Два тренинзи потрошивме да ги анализираме, а и денес ќе работиме на подготовката на натпреварот. Ако не сме максимално сериозни ќе имаме големи проблеми. Не сакам да звучам песимистички, но претпазлив сум и заради заморот, повредите и патувањата“, изјави Алушовски.

Во првите три натпревари, Еурофарм нема победа во ЛШ,додека Кокс загуби два натпревари и го победи единствено Татран Прешов.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/10/2019 18:41