ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во текот на минатата недела санкционираа 317 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

Во периодот од 07.10. до 13.10.2019 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 147 непрописно паркирани возила, од кои четириесет и три (43) несовесно паркирани возила на паркинг места наменети за лица со посебни потреби, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 170 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани.

ЈП ПОЦ и Општина Центар апелираат до граѓаните да се придржуваат до пропишаните правила и прописи за безбедно однесување во сообраќајот со цел да се зачува безбедноста на останатите учесници во сообраќајот и реши проблемот со непрописното паркирање на комерцијалните и резидентните паркиралишта и улици на територија на Општина Центар.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/10/2019 10:44