На 14.10.2019 година околу 03.00 часот од страна на полициски службеници од Одделот за гранични работи и миграција на автопатот А1 Скопје-Велес било запрено патничко моторно возило „крајслер“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од Ф.И.(25), во кое сопатник бил малолетник, и двајцата од Радовиш.

При преглед на возилото биле пронајдени 12 мигранти, на возраст од 23 до 48 години, од кои 11 од Бангладеш и еден од Пакистан.

Ф.И. и сопатникот биле приведени во Полициска станица Велес, а известен е и јавен обвинител. По целосно документирање на случајот, против приведените ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/10/2019 15:55