Целосно е реконструирана улицата „Трифун Бузев“, во населбата Карпош 4, во близина на основното училиште „Петар Поп Арсов“.

Се обнови коловозот во должина од 85 метри, а санацијата ја направија службите на ЈП Улици и патишта преку Договорот за меѓуопштинска соработка, склучен со локалната самоуправа.

Во претстојниот период, на полето на подобрување на инфраструктурата ќе следи и реконструкција на улицата „Хелсинки“ во Тафталиџе 1, како и санација на ул. „Новопроектирана“ во Криви Дол.

„Општина Карпош продолжува со рамномерно и планско подобрување на инфраструктурата во сите урбани заедници, откако во изминатиот период се реконструираа улиците: „Карпошово востание“, „Варшавска“, „Даскал Камчев“, „Њуделхиска“, дел од „Гиго Михајловски“, а Градот Скопје обезбеди санации и за „Љубљанска“, „Московска“ и поголем дел од булеварот „Партизански одреди“.“ - стои во соопштението на Општина Карпош.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/10/2019 11:25