Во Општина Аеродром се поставуваат нови табли на кошевите на спортските игралишта.

Нови обновени стаклени табли веќе се поставени на игралиштата во близина на детските градинки „Лале“ и „Чекорче“, во дворот на ООУ „Ѓоргија Пулевски“, како и на игралиштето во близина на кулите Џевахир.

– Општина Аеродром и во наредниот период ќе ги продолжи ваквите активности на обнова и санација на реквизитите на спортските игралишта, со цел обезбедување подобри услови за спортување и јакнење на спортскиот дух, се вели во соопштението од општината.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/10/2019 11:27