Заради технички зафати во во дистрибутивната електро мрежа утре без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Сарај, Кисела Вода и Гази Баба, информираат од РЦУК – Скопје.

Во периодот од 9:00 до 15:00 часот без напојување со електрична енергија ќе бидат корисниците од селата Рашче, Копаница, Бојане и дел од село Кондово, Општина Сарај.

Бо периодот од 8:30 до 15:00 часот без електрична енергија ќе останат корисниците од улилцата „Сава Ковачевиќ“ подулица бр. 14, Општина Кисела Вода.

Во периодот од 9:00 до 11:00 часот без струја ќе бидат корисниците од улицата „Коце Металец“ од број 8 до број 14, Општина Гази Баба.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/10/2019 12:19