Кумановската полиција поднесе кривични пријави против 57-годишна кумановска која ги принудувала внуците да питачат.

Како што соопштуваат од СВР Куманово кривичната пријава е поднесена против 57-годишната Р.И. од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на малолетно лице“, затоа што ги принудила своите малолетни внуци, на питачење.

Кумановската полиција поднесе поднесе кривична пријва и против 50- годишниот Г.Д. од Куманово поради постоење основи на сомение дека сторил кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“. Пријавениот, на 1 октомври, годинава во два наврата на ул.„Никола Тесла” во Куманово со нож и други предмети упатувал закани кон Ѓ.А. и С.Д. и се обидел да ги повреди.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/10/2019 15:45