Група на граѓани ќе достави иницијатива до Уставниот суд за падне спорниот ДУП во Хром во кој се предвидува изградба на нови 100 згради за колективно домување. Тие до медиумите упатија соопштение во кое велат дека ДУП-от е целосно профитерски.

- Советниците на СДСМ, на предлог на градоначалникот Александар Наумовски, на седница на советот донесоа нов ДУП за населба Хром, со кој предвидуваат изградба на околу 100 згради за колективно домување во оваа населба.

Имајќи во предвид дека ДУП-от беше носен во една нетранспарентна, сомнителна постапка и со истиот се предвидуваат огормен број на нови згради, кои значително ќе го нарушат живеењето во оваа населба, најавуваме дека како група на граѓани ќе поднесеме иницијатива до Уставниот суд на Република Македонија со која ќе ја оспориме одлуката за донесување на овој ДУП за нас. Хром, со барање истата да биде поништена, а до донесување на одлуката да биде донесена времена мерка со која ќе биде стопирана реализацијата на овој ДУП.

Градоначалникот на Ѓорче Петров при изработка на овој ДУП не го почитуваше принципот на хумано живеење како основа во урбанистичкото планирање, а апетитите за повеќе згради му беа водилка при донесување на истиот и од таа причина ќе се обидеме да го спречиме овој урбан хаос кој се наметнува во Хром

Група на загрижени граѓани од населба Хром, се вели во нивното соопштение.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/10/2019 00:41