Пријателството помеѓу мажите и жените многумина сметаат дека постои, сепак, постојат и оние другите кои сметаат дека таквиот однос кога тогаш ќе ја премине границата. 

Започнувањето на пријателство со маж или жена секогаш изгледа безопасно. Полека се запознавате, разменувате мислења, поинтензивно комуницирате, разменувате интимни моменти… После тоа, обично доаѓа кога ќе сфатите дека таа личност ја гледате сосема поразлично, дека таа личност ви недостига и сакате да е постојано со вас ...

Честопати сфаќате како вас не ви е сеедно кога ќе ви каже дека некоја му се допаѓа и кај вас се појавува љубомора... тогаш излегувате од пријателската зона и сваќате дека ништо повеќе не е исто.

Тогаш, само треба да си признаете себеси дека сакате вашиот однос да премине во нешто друго и да видите дали сте на иста бранова должина. Треба да бидете искрени од почеток и да им ги признаете чувствата на другата личност, но исто така бидете подготвени дека можеби истите не се обострани.

Ако добиете одговор дека тој вас ве гледа како пријател, секој обид да ја задржите старата врската, ќе биде само емотивно исцрпувачки за двајцата.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/10/2019 13:08