Седумнаестгодишен кумановец по прекинувањето на љубовна врска со 15 годишно девојче, креирал лажен профил на Фејсбук и објавувал фотографии со компромитирачка содржина од малолетничката.
-СВР Куманово поднесе кривична пријава против Д.С.(17) од Куманово поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „производство и дистрибуција на детска порнографија“. Пријавениот, по прекината љубовна врска со 15 годишна малолетничка, креирал лажен профил на социјалната мрежа Фејсбук и објавувал фотографии со компромитирачка содржина од малолетничката, се наведува во соопштението на СВР Куманово