Данило Брестовац направи промена во списокот со ракометари кои ги планира за ЕХФ-неделата во ноември.

Селекторот на македонската ракометна репрезентација реши да го врати во првиот тим десниот бек Мартин Велковски, кој годинава настапува за Еурофарм работник. Екс ракометарот на Металург ќе го замени Мартин Серафимов, кој е повреден. И самиот Велковски долго влечеше повреда, но веќе одигранеколку дуели во СЕХА и ЛШ за битолскиот тим.

ЕХФ-неделата трае од 21 до 27 октомври, а во тој период Македонија ќе одигра пријателски средби против Турција, Грузија и Италија.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/10/2019 23:31