Кинескиот фудбалски клуб Гвангжу го именува стадионот на својата младинска екипа во чест на поранешниот голман на Холандија, Едвин ван дер Сар.

– Прв ден во Кина. За мене е голема чест што има стадион со моето име. Се надевам дека ги инспирира играчите тука да работат напорно и можеби да станат следна фудбалска ѕвезда од Кина, напиша Ван дер Сар на својто Твитер профил.

Од 2017 година, Гвангжу соработува со Ајакс, каде поранешниот голман во моментов работи како извршен директор.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/10/2019 13:15