Повеќето жени си фантазираат како нивниот партнер ќе ги запроси на некој романтичен момент каде што клечи на колена. Но многумина од нив не ја знаат причината зошто ваквиот чин на запросување е токму вака.

Клекнувањето на едно колено при запросување започнува во Средниот век, а неговото значење е симболично. Не се знае точно како започнала оваа пракса, но постојат теории кои се сметаат за вистинити.

Во религијата, клекнувањето е вклучено во многу церемонии вклучувајќи ги и романтичните. Тој клекнува и кога влегува во храм, а може и запросувањето да го има истото значење. Клекнувањето на идниот младоженец ја покажува неговата почит. Во средниот век витезите клечеле пред своите владетели за да им покажат чест, почит и потчинување.

Исто така поразените секогаш клекнуваат пред победникот, што покажува гест на предавање. Во романтична смисла ова може да се толкува како симболика каде што мажот го предава својот живот на жена.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/10/2019 17:24