Во хотелот „Александар палас“ во Скопје денеска и утре ќе се одржи „Слоу фуд салон“, посветен на македонските автентични и висококвалитетни храна и пијалаци.
На салонот ќе изложуваат и ќе продаваат производителите кои се пријавиле со пополнување на формуларот што е поставен онлајн и добиле потврда за нивното учество од страна на организаторот Слоу фуд Македонија.