Десет лица се здобиле со лесни телесни повреди во осум од вкупно 14 сообраќајни незгоди што се случиле изминатото деноноќие на подрачјето на Град Скопје. Во шест сообраќајни незгоди е причинета материјална штета.

Од сообраќај, како што информираат од СВР Скопје, полицијата исклучила 22 возачи кои се движеле со поголема брзина од дозволената, осум возачи кои управувале возило под дејство на алкохол, 27 возачи пред да се стекнат со право на управување моторно возило, седум возачи почетници, едно возило технички неисправно и 11 нерегистрирани возила.

Во текот на изминатиот ден за непрописно паркирање се издадени 98 казни, а со специјалното возило „пајак“ подигнати се 97 возила.

Санкционирани се и двајца пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин, 10 возачи кои поминале крстосница на црвено светло, двајца возачи кои не дале првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, тројца возачи за неправилно престројување и четворица возачи за неправилно престигнување

Казнети се и тројца возачи за не користење заштитен шлем на велосипед со мотор, мопед и мотоцикл, еден возач за неносење сигурносен појас за време на управување моторно возило и 11 возачи за користење на мобилен телефон за време на управување моторно возило.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/10/2019 11:15