Ракометарите и стручниот штаб на Еурофарм Рабитник очекуваат да продолжи победничката серија на клубот.

Во пресрет на натпреварот со Татран Прешов кој в недела ќе се игра во Битола, тренерoт Стевче Алушовски посочи дека во групата од лигата на шампионите каде тие се натпреваруваат нема слаби противници, но Татран Прешов ќе биде совладан.

-Словачкиот првак има богато меѓународно искуство, тим со многу интернационалци. Мислам дека посвежо го очекуваме неделниот дуел, ќе приредиме убава ракометна претстава и ќе победиме, изјави Алушовски.

Според најдобриот стрелец во Еурофарм Работник, голгетерот Владислав Остроушко, противникот не смее да се потцени.

-Со поддршка од публиката и наше залагање, успехот нема да изостане, рече украинскиот интернационалец Остроушко.

Натпреварот од 5. коло во ракометната Лига на шампионите меѓу Еурофарм Работник и Татран Прешов почнува во 17 часот.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/10/2019 13:44