Селекторот на македонската ракометна сениорска машка репрезентација, Данило Брестовац, меѓу 17-те ракометари на кои смета за пријателските мечеви против Турција во Ескишехир, не ги смести најискусните репрезентативци.

Кирил Лазаров, Борко Ристовски, Дејан Манасков, Филип Талески и Филип Кузмановски, на тимот ќе му се приклучат по враќањето од Турција, и тие ќе играат на средбите со Грузија на 25 и 26 октомври во Скопје.

Првиот собир, селекторот Брестовац го закажа за в понеделник, 21 октомври, во 17 часот во хотелот „Александар Палас“ во Скопје.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/10/2019 23:02