СВР Куманово поднесе кривична пријава против две лица од Куманово и против здужението на граѓани „Фудбалски клуб Куманово 1903“ поради основано сомнение за сторени повеќе кривично дела меѓу кои „даночно затајување“ и „фалсификување или уништување деловни книги“.

Кривичната пријава е поднесена против Д.К.(51) кој се сомничи за „злоупотреба на службената положба и овластување“, „даночно затајување“ и „фалсификување или уништување деловни книги“, против Фудбалскиот клуб Куманово 1903 за „даночно затајување“ и „фалсификување или уништување деловни книги“ и против С.П.(61) која се сомничи дека сторила кривично дело „несовесно работење во служба“.

Д.К., како претседател на фудбалскиот клуб „Куманово 1903“ во периодот од 1 јануари 2013 до крајот на 2017 година, по доделување на паркинг простор на локалитетот „Чоробенско ќоше“, во центарот на Куманово, од страна на АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор, не ги користел остварените приходи од наплатата на паркинг услугите за остварување на целите за кои е основано здружението и во наведениот период не регистрирал фудбалери, не учествувал во системот на натпревари во државата, не донесувал долгорочни, годишни и месечни програми за реализација на своите дејности со што постапил спротивно на Статутот на фудбалскиот клуб.

Во овој период тој остварил вкупен приход од дневен пазар од наплатени паркинг услуги во износ од 9.572.200 денари, од кои еден дел биле распределени за закупнина, трошоци за струја и плати на вработени, а останатитот приход од 3.862.221 денари, како непризнаени расходи, го покривал со изготвување на фалсификувани налози за службени патувања, сметкопотврди и фактури за набавена спортска опрема и за репрезентација. Ваквите документи ги доставувал на С.П., која како овластено лице во фирма за сметководствени услуги ги прокнижувала и правела лажни финансиски извештаи, кои ги прикажувала преку годишни завршни сметки, со што му овозможила на Д.К. и на фудбалскиот клуб да избегнат плаќање на данок на добивка по основ на остварени приходи во вкупен износ од 858.227 денари, со што го оштетиле Буџетот.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/10/2019 12:40