Одделението за безбедност на сообраќајот при СВР Скопје на 19.10.2019 во периодот од 06.00 до 24.00 часот спроведе акциска контрола за откривање на возачи кои ја пречекориле брзината на движење со моторно возило на подрачјето на Скопје. Притоа, санкционирани се 34 возачи кои ја пречекориле брзината. Откриени се и 42 останати прекршоци, за кои се издадени 16 мандатни платни налози и 26 прекршочни платни налози.

Исто така, од 22.00 часот на 19.10.2019 до 05.00 часот на 20.10.2019 беше спроведена акциска контрола за откривање на возачи кои управувале со возило под дејство на алкохол на подрачјето на Скопје. Притоа, санкционирани се 19 возачи кај кои било утврдено присуство на алкохол. Откриени се и 13 останати прекршоци, за кои се издадени пет мандатни платни налози и осум прекршочни платни налози.

На 19.10.2019 во периодот од 14.00 до 24.00 часот санкционирани се и пет возачи на мотори за сторени прекршоци, а откриени се и 68 останати прекршоци за кои се издадени 46 мандатни и 22 прекршочни платни налози.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/10/2019 11:41