Оде денеска напладне во продажба се пуштени поединечните билети за следните два домашни натпревари на Вардар во ЕХФ лигата на шампионите против Мешков Брест и против Кјелце.
Продажбата ќе се врши на билетарницата на СЦ „Јане Сандански" и онлајн преку www.ticketplus.mk
Натпреварот Вардар - Мешков е закажан за 3 ноември 2019 година во СЦ „Јане Сандански" 17 часот.
Натпреварот Вардар - Кјелце е закажан за 9 ноември 2019 година во СЦ „Јане Сандански" во 17,30 часот
Цената на поединечните билетите за натпреварите со Мешков и со Кјелце се трибина - 350 денари и А блок - 400 денари. Цените се однесуваат за еден натпревар.
Купувањето на билетите е можно 24/7 преку онлајн - www.ticketplus.mk и на билетарницата на СЦ „Јане Сандански" секој работен ден од 10 до 18 часот.