На бул.„Кочо Рацин“ вчера, во поплдневните часови пред крстосницата со ул.„Мирче Ацев“ во Скопје, патничко возило „бмв“, со скопски регистарски ознаки, управувано од А.П.(48) од Скопје, удрило во пешаците А.З.(22) и С.Т.(21), двете од Скопје.

А.П. со возилото го напуштил местото на несреќата, но подоцна сам се пријавил во полициска станица.

Во незгодата, С.Т. се здобила со тешки телесни повреди, а А.З. се здобила со телесни повреди и биле пренесени во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“. Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Скопје.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/10/2019 15:17