На 20.10.2019 во 05.55 часот во СВР Скопје било пријавено дека во стан на ул.„Никола Русински“, сопственост на П.П.(73) од Скопје, имало починато лице.
Полициски службеници излегле на местото и констатирале дека станува збор за А.Г.(36) од Скопје. Според пријавеното, на А.Г. му се слошило додека бил со М.(36) и М.Д.(35).
Смрт без траги на насилство констатирал лекар од Итна медицинска помош, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.