На 20.10.2019 во 15.40 часот во Полициската станица Кисела Вода, Д.К., делегат на фудбалскиот натпревар на игралиштето кај „Цементара“ помеѓу екипите на ФК Кул Здравје од Скопје и ФК Илинден од Скопје, пријавил дека во 35-тата минута од натпреварот бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу играчите на двете екипи, по што натпреварот бил прекинат.

На играчите од гостинската екипа Н.Ѓ.(23) од населба Бутел, Ј.Ц.(24) од населба Илинден и А.М.(34) од населба Илинден им била укажана лекарска помош во комплексот клиники „Мајка Тереза“.7

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/10/2019 15:57