Полициски службеници додека преземале службени дејства против дрвокрадци во селото Гошинце вчера биле физички нападнати од повеќе лица.

Од МВР информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Полицијата во текот на вчерашниот ден открила и друг случај на дрвокрадци, откако полициски службеници околу 23 часот на локалниот пат од село Долно Количани кон село Пагаруша, скопско, додека вршеле службени дејствија, дале знак за запирање на две товарни возила натоварени со дрва, при што едното товарно моторно возило не ја почитувало наредбата и се насочило кон полициските службеници. Притоа, полициските службеници испукале неколку куршуми во воздух и во задната гума, но возилото на застанало.

По преземени мерки, во село Пагаруша било пронајдено товарното возило „Застава“, кое било одземено со огревните дрва, а известена била и Шумската полиција. МВР работи на расчистување на случајот.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/10/2019 23:09