СВР Тетово поднесе кривична пријава против Р.Б.(30) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „повреда на права од индустриска сопственост и неовластена употреба на туѓа фирма“.

На 20.06.2019 на ул.„Маршал Тито“ во Тетово полициски службеници и овластени лица од Управата за јавни приходи и Државниот пазарен инспекторат извршиле контрола во продажен објект со нерегистрирана фирма, сопственост на пријавениот, при што било констатирано дека пријавениот неовластено вршел продажба на брендирани текстилни производи.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/10/2019 23:54