В.М. (21) од Скопје денеска во 03.25 часот во СВР Скопје пријавила дека пред продажен објект на ул.„Мајка Тереза“ била физички нападната од З.П. (21) од Скопје, со кого порано била во љубовна врска.
З.П. ја оштетил гумата од возилото „шкода“ со скопски регистарски ознаки со кое управувала пријавителката и ѝ го одзел мобилниот телефон. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.