М.Г. (23) од Скопје, вработен како чувар во угостителски објект на бул.„Јане Сандански“, вчера во 07.43 часот во СВР Скопје пријавил дека околу 06.40 часот, додека бил на работното место, забележал машко лице кое паднало од 4/5 кат, притоа удирајќи и во тендата на објектот.

Било константирано дека станува збор за П.Ј. (46) од Скопје. П.Ј. е пренесен во Ургентен центар – Скопје, каде му се константирани тешки телесни повреди. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/10/2019 00:12