Дирекцијата за заштита и спасување од денеска почнува со обуки за заштита и спасување за учениците од основните училишта во општина Карпош.

Првата обука ќе биде во ООУ „Братство“, а утре ќе се обучуваат учениците од ООУ „Војдан Чернодрински“.

Практичниот дел од обуката ќе го изведува тим од Одделението за заштита и спасување при општина Карпош во соработка со Одделението за образование и тоа на 28 октомври во ООУ „Братство“, а на 29 октомври во ООУ „Војдан Чернодрински“.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/10/2019 09:34