На автопатот А1, во правец од Смоквица кон Демир Капија, утрово во 03.00 часот во близина на патничко возило „порше“ со скопски регистарски ознаки, полицијата пронашла 14 мигранти од Авганистан.

Како што денеска информираа од МВР, било пронајдено „порше“ со скопски регистарски ознаки, кое удрило во банкините, а во близина биле пронајдени 14 мигранти од Авганистан, без документи за идентификација.

Во соопштението се посочува дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/10/2019 15:23