Девет лица се здобиле со полесни телесни повреди во девет од вкупно 15 сообраќајки случени во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје. Во шест сообраќајки е причинета материјална штета.

Од МВР информираат дека вчера сообраќајната полиција открила и исклучила од сообраќај 34 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, еден возач го управувал возилото под дејство на алкохол, 12 возачи пред да се стекнат со право на управување на моторно возило, еден почетник, како и 11 нерегистрирани возила.

Санкционирани биле и двајца возачи кои поминале на крстосница на црвено светло, двајца возачи не дале првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, шест возачи за неправилно престројување, двајца возачи за неправилно престигнување, тројца возачи за не користење заштитен шлем, двајца возачи за не носење сигурносен појас и шест возачи користеле мобилен телефон за време на управување на моторно возило.

Затекнати биле 70 непрописно паркирани возила, а со специјалното возило „пајак“ биле отстранети 64 возила.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/10/2019 11:08