Основното училиште „Ѓорѓија Пулевски“ од Општина Аеродром викендов ќе биде домаќин на Третиот меѓународен натпревар во брзо решавање рубикова коцка.

На натпреварот се пријавени над 75 учесници однашата држава, како и од Швајцарија, Белгија, Грција, Србија, Бугарија и Косово.

Натпреварувањето ќе трае два дена,и тоавсабота од 9:00 до 18:30 часот и недела од 9:00 до 17:00 часот, а влезот е слободен за сите посетители.

Организатор на натпреварот е Македонската кјубинг асоцијација (МКА), а ќе биде делегиран од „Ворлд кјуб асосиејшан“ (WCA), која одржува над 1000 натпревари годишно низ целиот свет.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/10/2019 13:01