Кандидатот на левицата Даниел Мартинез води на претседателските избори одржани вчера во Уругвај, но ќе мора да оди во втор круг со кандидатот на десниот центар Луис Лакале Пу, покажуваат резултатите од анкетите.

Мартинез доби 37 отсто од гласовите, а Лакале Пу 29 отсто. Двајцата кандидати ќе одат во вториот круг, закажан за 24 ноември.

Уругвај во неделата бираше наследник на претседателот Табаре Васкез и гласаше за присуство на војската на улиците заради сузбивање на деликвенцијата.

Претседателските избори во земјата со 3,4 милиони жители се одржаа во ист ден со претседателските избори во Аргентина, која има 44,5 милиони жители.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/10/2019 20:25