Вршителот на должност тренер на ракометниот клуб Вардар, Едуард Кокшаров, беше задоволен после победата на Пекинг СУ во СЕХА лигата, затоа што тимот ја остварил главната цел што била зацртана пред натпреварот.
-Имавме цел и успеавме да ја оствариме. Најважно ни беше најдобро што може да се подготвиме за мечот што ни претстои во Лигата на шампионите, а притоа да одмориме некои од главните играчи. Кинескиот тим напредува од недела во недела, на крајот на сезонава ќе бидат многу подобар тим отколку што беа на почетокот, рече Кокшаров.
Владо Шола, тренерот на Пекинг, рече дека иако Вардар првпат играл со ваков мешан состав, задоволен е што неговиот тим покажал напредок во повеќе аспекти од играта, но смета дека се далеку од максимумот на потенцијалот кој го имаат.