Од утре, петок (1 ноември 2019 година), Жичарницата ќе има зимско работно време, односно ќе работи од 10 до 17 часот.

Последното возење од доле нагоре ќе биде во 16-16.30 часот, а последно возење од горе надолу ќе биде во 16.45 часот.

Овој режим на работа ќе важи до 1 март.

Од утре, петок (1 ноември 2019 година) изменет ќе биде и возниот ред на линијата 25 (Транспортен центар-Средно Водно), кој може да се види на веб страницата www.jsp.com.mk.

„Ги потсетуваме корисниците на јавниот превоз дека возењето на линија 25, (Транспортен центар-Средно Водно), 25А (Стара железничка станица-Средно Водно) и 25Б (Дом на печат-Средно Водно) е бесплатно за сите категории патници за време на викенди и државни празници.“ - стои во соопштението на ЈСП.



Автор: Администратор
Објавено на: 31/10/2019 13:51