Либанските безбедносни сили и денеска се обидуваат да отворат некои од патиштата, додека демонстрантите продолжуваат со кампањата за граѓанска непослушност низ целата земја.

Училиштата требаше повторно да бидат отворени по две недели, но доцна синоќа многу родители добија текстуални пораки во кои се наведува дека училиштата ќе останат затворени од безбедносни причини.

Банките би требало да бидат отворени утре поради загриженоста дека сериозната фискална криза што им претходеше на протестите би можела да се влоши.

Демонстрантите дозволија војската да „расчисти“ повеќе од главните патишта вчера, но тие повторно се собраа на плоштадите и се вратија на улиците еден ден подоцна, инсистирајќи на тоа дека нивната револуција сè уште не е завршена.



Автор: Администратор
Објавено на: 31/10/2019 15:14