Интер плати казна од 5.000 евра за навредите на навивачите на „нероазурите“, упатени кон поранешниот напаѓач на клубот, Марио Балотели.
Марио беше нападнат со навредливи зборови за време на натпреварот против Бреша (2:1), тим чии бои ги брани во моментов.
Интересно е што навивачите го нападнале на лична основа без да ја мешаат бојата на неговата кожа, што ја објаснува релативно ниската санкција бидејќи недостасува елемент на расизам.
Самиот Балотели го покажа средниот прст на тифозите, но не беше санкциониран, барем во оваа фаза.