Капитенот на Арсенал, Гранит Џака, предизвика сериозен скандал во клубот, откако дојде во судир со навивачите на тимот. Ова се случи на натпреварот против Кристал Палас, кој заврши со 2-2. Како што беше заменет Џака, навивачите му упатија силни свирежи, со што укажаа дека не го одобруваат неговиот настап. Тој реагира крајно импулсивно. Тој мавташе со рацете, сигнализирајќи дека не може да ги слушне, а според некои, дури упатил непристојни реплики.

Вчера швајцарскиот репрезентативец го прекина молкот по оваа тема и го објасни неговото однесување. Во исто време, тој се извини за тоа.

– Откако поминав неколку дена размислувајќи за тоа што се случи, решив да ви го дадам објаснувањето, а не брз одговор. Она што се случи навистина ме погоди, навистина го сакам овој тим. Моето недоразбирање со навивачите започна пред неколку недели кога беа кажани многу лоши зборови на моја адреса. Луѓето кажаа работи како „ќе ти ги скршам нозете“, „сакаме твојата ќерка да добие рак“. Чашата се прелеа во неделата, што се одрази за време на натпреварот. Јас си дозволив неприфатливо однесување, но сакам сè да биде како што беше порано. Треба да одиме напред заедно, вели Џака во својата официјална изјава.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/11/2019 12:56