Во паркот покрај улицата „Кемал Сејфула“ во Чаир почна акцијата за садење 400 дрвја од видот липа, соопштија од општината.
– Ќе се чувствуваме навистина горди како граѓани кога по неколку години ќе поминеме во овие делови од општината и ќе ги видиме резултатите на нашата акција, рече градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу, кој присуствуваше на почетокот на акцијата.
На Ганиу во денешната акција му се придружија и фудбалерот на Ф.К. Шкупи, Неџмедин Мемеди, претседателот на Советот на Општина Чаир, Захир Бектеши и советникот на Град Скопје, Бесник Ајети.
Акцијата, како што се посочува, ќе продолжи и во следните недели во повеќе делови од општината, главно низ парковите и училишните дворови.