Градот Скопје известува дека на 03.11.2019 година (недела) ќе продолжи асфалтирањето на дел од улицата Бихаќка и улицата Црниче, на потегот од улицата Фредерик Шопен до подвозникот. Поради тоа, овој дел од улицата ќе биде затворен, а сообраќајот ќе биде пренасочен по околната улична мрежа.

Посочената делница ќе биде затворена за сообраќај 24 часа.

Градот Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат поставената патна сигнализација и да ја приспособат брзината на движење на условите на патот.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/11/2019 15:09